Денеска повеќе оздравени отколку заразени со Ковид – 19

Објавено на 27 декември, 2021 во 16:16

Во последните 24 часа, направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 257 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – 8, Штип – 6, Ресен – 5, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 4, Кочани, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод, Велес и Кратово – по 2, Струга, Кичево и Неготино – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.