Започнете ја работната недела со насмевка, шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“

Објавено на 17 јануари, 2022 во 10:44

Понеделник е резервиран за афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – „Коки“ којшто секогаш има иста цел, да Ви ја прикаже реалната слика на животот и да измами насмевка на вашето лице. Уживајте во новите шест афоризми на Коки.

-Девојки, не правете селекција меѓу чувствителните и емотивните, искрените и внимателните, шармантните и страствените момчиња, ќе останете немажени.

-Постојат непријатни случки што многу често ни се повторуваат во креветот за кои не можеме да ја обвинуваме владата.

-Некои се паметни кога зборуваат, некои кога молчат, на други пак, не им помага ниту едното, ниту другото.

-Многу жени ја изгубиле својата мерка, освен онаа што им ја покажува вагата.

-Голема среќа за луѓето е  што постојат гумички за бришење на сексуални грешки.

-На некои спортистки повеќе им се исплатува кога мавтаат со опашката , отколку со дипломата.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.