Општина Кавадарци: Снегот не не изненади!

Објавено на 21 јануари, 2022 во 10:38

Oд утринските часови и во Кавадарци започнаа врнежи од снег. Засега снежната покривка во градот е мала, а улиците се проодни.

„ Зимските служби на Општина Кавадарци од рано утрово се мобилизирани на терен, и тоа еден камион е низ градското подрачје и го чисти снегот од улиците, тротоарите и другите површини, а друг е упатен кон горните села и интервенира таму.   Се грижиме за непречено движење на секој жител и за безбедно одвивање на сообраќајот“ – велат од локалната самоуправа и апелираат до граѓаните без особена потреба да не патуваат во повисоките делови од општината, како не би се соочиле со проблеми.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.