Општина Кавадарци: Снегот не не изненади!
Објавено на 21 јануари, 2022 во 10:38
Oд утринските часови и во Кавадарци започнаа врнежи од снег. Засега снежната покривка во градот е мала, а улиците се проодни.
„ Зимските служби на Општина Кавадарци од рано утрово се мобилизирани на терен, и тоа еден камион е низ градското подрачје и го чисти снегот од улиците, тротоарите и другите површини, а друг е упатен кон горните села и интервенира таму. Се грижиме за непречено движење на секој жител и за безбедно одвивање на сообраќајот“ – велат од локалната самоуправа и апелираат до граѓаните без особена потреба да не патуваат во повисоките делови од општината, како не би се соочиле со проблеми.
Ангел Данов