Во велешка болница 24 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 3 февруари, 2022 во 12:43
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 66 ковид пациенти од кои 52 се потврдени позитивни, шест се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани се на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти, тројца пациенти се префрлени од Интерно одделение на Физикална.
-На Инфективно одделение се лекуваат 48 пациенти, на Интерно Б одделение девет и на Физикална – ковид одделение девет пациенти, соопшти портпаролката не велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Во велешка болница има 13 слободни кревети на Инфективно одделение и 15 слободни кревети на Физикална.
Од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева