Две компании се откажаа од грантот на Фондот за иновации

Објавено: 27 јули, 2018, во 15:28 часот

fond fin

Компаниите ДОО Гинис 3Д Прилеп и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје ги повлекоа своите инвестициски проекти. Денеска тие испратија известувања до Фондот за иновации и технолошки развој за својата одлука

ДОО Гинис 3Д Прилеп за проектот „Гинис принт 2018“ побара средства од Фондот во износ од 9.999.338,40 денари и сопствено учество од 23.331.789,60 денари. Компанијата КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје, пак, за проектот „Ја лееме нашата иднина“ доби 9.990.000,00 денари од ФИТР и сопствено учество од 23.310.000,00 денари.

И двете компании се добитници на средства под инструментот технолошки развој.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.