УХРМ: Променливо облачно и постудено со силен северен ветер и пад на температурата

Објавено: 14 октомври, 2026, во 09:06 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време,соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.