Хемороиди – лекување (Аудио)

Објавено на 25 февруари, 2022 во 10:11

Кога еднаш ќе се појават хемороиди, главно тие никогаш не исчезнуваат. Лекарите истакнуваат дека најважна е исхраната богата со растителни влакна, а сиромашна со преработени и неквалитетни продукти.

Лекувањето на хемороидите главно ги смалува болките и чешањето. Топлите седечки бањи се традиционален и најчесто успешен облик на лекување.

Седете во топла вода длабока од 7 до 8 см и останете во неа 15 мин.

Повторете ја постапката неколку пати на ден, особено по празнењето на цревата. Ако сте бремени, посоветувајте се со лекар пред да почнете со примена било каков вид лекување , вклучувајќи го и менувањето на  начинот на исхраната.

Божана Ќулавкова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.