Сообраќајка помеѓу голф и трактор во неготинско
Објавено на 1 август, 2018 во 09:12
Едно лице е повредено во вчерашната сообраќајна незгода што се случила во 9 часот на регионалиот пат Неготино – с.Лакавица.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, се судриле трактор марка ИМТ 539 со неготински регистарски броеви управуван од 65 годишниот Ж.П од селото Пепелиште и патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ ито така со неготински регистарски броеви управуван од 40 годишниот Г.Г од Неготино.
„Во незгодата возачот е повреден возачот на тракторот и истиот по укажаната медицинска помош во Општата болница – Неготино, заради карактерот на повредите, е пренесен на лекување во Ургентниот центар – Скопје. Увид на местото на настанот изврши екипа од неготинската полиција./ А.Д