Во следните три дена сообраќајот на автопатот од правец на ГП „Богородица“ кон „Табановце“ пренасочен на друга сообраќајна лента
Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на Граничниот премин Богородица кон Табановце ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот почнувајќи од денес 23.03.2022 од 14:00ч. ќе трае во следните 3(три) дена.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.