Потокот во Велес повторно загаден и покрај поставените решетки за собирање на отпад од страна на ЈКП „Дервен“
Покрај сите апели до граѓаните да не го загадуваат Потокот со отпад од домовите туку истиот да го одложуваат на места наменети за комунален смет, повторно загаден и исчистен од страна на Јавно комунално претпријатие „Дервен“.
Оттаму информираат дека пред четири дена биле поставени решетки за собирање на отпадот по течението на Потокот на улица Вера Циривири, но, во текот на вчерашниот ден, по дојава од граѓанин дека на новопоставените решетки веќе има насобрано комунален смет, истиот повторно бил исчистен од страна на комуналните работници.
-При чистењето на Потокот забележано е дека недостасува и една решетка од поставените, пишува во соопштението на ЈКП „Дервен“.
Инаку жителите од овој дел од градот многу често го загадуваат и игралиштето кај Потокот.
Комуналните работници на осми март целосно го исчистиле од смет игралиштето, но за жал, два дена подоцна, на 10 март, истото повторно било затрпано со смет.
Стефани Манева