Со вкупно 615 милиони евра Владата ги амортизираше ценовните шокови

Објавено на 11 април, 2022 во 11:45

За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, Владата на Република Северна Македонија, издвои речиси 615 милиони евра. Минатата година преземени се мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително е донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојната банка.

Благодарение на овие мерки имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Ефектите од владините одлуки дадоа резултати. Преку замрзнување на цените на прехранбените производи, а потоа и намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, успеавме да спречиме огромен раст на цените. Дополнително, на основните прехранбени производи се ограничени и малопродажните и големопродажните маржи за заштита на стандардот на граѓаните. Без овие мерки сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно. Дополнително, за ранливите категории граѓани обезбедивме финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за да можат да ги покријат своите сметки и ја покачивме минималната плата на 18.000 денари.

Во изминатиот период, Владата сите ресурси ги насочи кон справување со кризата. Со мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор, како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме. Без овие мерки цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки. доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само по основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе.

Порасна и просечната плата, а во најголемиот дел од секторите во државата во изминатите години платите беа покачени и за над 20 проценти низ изминатите три години. Владата е на чекор од реализација на ветувањето од минимум 30.000 просечна плата, последните податоци покажуваат дека просечната плата изнесува 29.980 денари.

Влогот во стандардот на граѓаните е врвен приоритет, особено во услови на огромна економска криза и Владата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и компаниите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.