Потсетување на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“
Народно ослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ е првата поголема партизанска единица на НОВ и ПОЈ , формирана во Велес и велешко.Овој одред е формиран во втората половина на септември 1942 година од борци од Велес и велешко, како и борци од прилепскиот партизански одред „Пере Тошев“. Одредот дејствувал се до 18 август 1943 година кога е разбиен. Раководството на одредот го сочинувале прекалени борци како Борис Таневски, Мицко Козаров , а политички комесари биле Димче Мирчев и Трајан Бошковски –Тарцан.
Ова досега е позната историја. Во документите кои ми ги отстапи нашата сограѓанка Лидија Демниева, која живее и работи во Белград, а се зачувани од нејзиниот татко Методиј Демниев, пронајдов и документ во кој тогашниот претседател на Сојузот на борци од Велес, Милан Сланев, свикува прозивка на преживеаните членови на одредот во село Богомила, на 24.09.1967 година. Во продолжение ќе ви го презентирам списокот на сите борци на одредот, а на крај ќе резимирам за да се види и бројчаната состојба, бројот на загинатите и на починати борци.
Мицко Козаров и Трајан Бошковски –Тарцан
Значи, од списокот се гледа дека одредот имал 4 чети и тоа:
Првата чета : Бисинов Тоде ( Велес), Божиновски Боро ( Прцан), Бурчевски Сојан (Буридан), Бурчевски Раде (с.Рудник),Воденичаров Коле (Шубиќ- Куманово), Грков Мирко, Давков Благој, Здравковски Љубе, Јосмов Благој, Јордановски Јордан, Каракостев Богдан, капчев Трајко, Камишова Нонча, Крстев Ѓоре, Кирков Благој, Митев Јовче, Мартиновски Јордан, Митревски Димко, Петрушевски Боро(Папучар),Пешев Панче, Таневски Борис (Лубуриќ), Тахири Ќамуран , Цветковски Коле ( Балас) и Ќучук Киро (Себура). Вкупно- 24 борци.
Втора чета : Андреев Јован ( с. Војница), Андреев Перко (с.Степанци), Бутникошарова Нада, Бобевски Ѓорѓи, Видовски Богдан (с. Војница), Давчев Славе, Дурчев Борис ( с. Војница), Димов Дончо (с. Војница), Игновски Павле (Секула), Ивева Родна, Јанушев Благој, Јанев Стојан, Јовевски Димче ( с. Војница), Климкаров Илом Кошулчев Анде, Лазаревски Јордан (Цвајот), Мешков Кочо ( с. Ваташа), Милевски Миле, Неделков Киро, Неделков Благој (с. Војница), Панов Трајче, Петков Коле (Даскалот, с. Ораовец), Петков Славе, Ризов Орце, Страчков Благој, Стојанов Коле, Сеизов Јово (Кавадарци), Трчков Тодор, Темелков Ѓорѓи, Џалева Благојка, Џурнов Јордан. Вкупно – 31 борец.
Трета чета: Бак Ружа (Скопје), Басаров Јован, Бондиќев Тошо, Боцевски Боце, Василков Василко ( с. Габровник), Вели Седат, Ѓорѓиева (Овчарова) Маца, Зафиров Љубе, Ивановски Стоилко (Планински), Јанев Тоде, Јосифовски Дико, Капчев Ико, Кожинкаров Велимир (с. Габровник), Кошулчев Владо, Купенков Трајко, Малинов Стеван, Мустафов Мегди ( с. Сливник), Најдов Ристо (Мајка), Николова Невена (Дуња), Перов Душан (с. Габровник), петкановски Трајче, Пинев Страхил, Сребров Благој, Ставровски Апостол (с. Богомила), Теов Јордан (с. Мартолци), Целцев Благој, Христовски Александар (Дума – Битола), Шутев Орце. Вкупно – 29 борци.
Четврта чета : Андреевски Илија (Кагин- Прилеп), Базарко Киро (Прилеп), Крстевски Пецо (Даскалот- Прилеп), Крстевски Александар (Јулски – Прилеп), Секуловски Симо ( Јоска – Прилеп), Спирковски Драган ( Максо- Прилеп). Вкупно – 7 борци.
Прозивка на 24.09.1942 година во село Богомила
Формација: Прозивка на 24.09.1942 година
живи, загинати, починати
Штаб на одред 4 – 4 –
Прва чета 24 6 16 2
Втора чета 31 17 13 1
Трета чета 29 19 10 –
Четврта чета 7 5 1 1
Вкупно : 95 47 44 4
Значи, на втората прозивка во село Богомила на 24.09.1967 година од вкупно 95 борци на одредот присуствувале 47 борци, а загинале 44 и починале 4 борци.
ПО „Димитар Влахов“ бил составен од борци од Велес, Прилеп, Кавдарци, Скопје, Куманово, Битола и Неготино е запишано во оригиналниот преглед , според градовите од каде доаѓале борците:
Да кажем дека за да се научи нешто треба почесто да се повторува. Горенапишаното е само еден дел кој треба да го прочитаме и да го знаеме, а бројката од 95 борци на Одредот треба да ни остане во сеќавање. Тие се дел од нашата историја и што е најважно, се бореле за Македонија!
Љупчо Данов
