Во Кавадарци и Демир Капија функционира и има резултати додека во Велес, Чашка и Градско формиран но две години не работи локалниот Совет за превенција
Во Велес, Чашка и Градско општините формирале но во последните две години локалните Совети за превенција не работат. Граѓанската организација Евротинг – Центар за европски стратегии не добила повратни информации дали овие тела функционираат во општините Росоман и Неготино додека својата функција беспрекорно ја извршуваат во општините Кавадарци и Демир Капија.
Ова помеѓу другото денеска во Велес го соопшти истражувачот на Евротинг, Александар Стојановски, кој во изминатата година работеше во тимот за спроведување на проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“.
-Локалните Совети за Превенција треба да постојат и работат како механизам за решавање на локални проблеми иницирани од општините и во нив да членуваат преставници на значајни институции и да иницираат проблеми поврзани со јавниот ред и мир, безбедност или пак комунални прашања. Тие не се задолжителни. Резултатите покажаа дека во дел од општините тие постојат и функционираат, во дел се формирани но не функционираат а постојат и општини кадешто немаме информации дали се формирани и дали ја извршуваат намената. Во делот на отчетноста, подготвивме анализа за отчетноста и транспарентноста на работата на МВР на национално ниво без да практикувавме длабинска анализа на регионално ниво. Ставен е фокус во делот на постапувањето против полициските службеници, лица со полициски овластувања коишто направиле прекршувања на Етички кодекс на однесување, за злоупотреба на службена положба и други дела коишто ги санкционира Секторот за Внатрешна Контрола или пак се под надлежност на Народниот правобранител и за коишто можат да се поведат постапки за гонење, додаде Стојановски.
Тој исто така, издвои дека локалните Совети за превенција иако немаат голема ингиреција или моќ да влијаат на отчетноста на полицијата, сепак можат да влијаат на превземени обврски на полицијата и останати засегнати страни. Тие можат да ги иницираат пред локалните власти проблеми и да го следат нивното спроведување,што значи контрола и воспоставување на механизам на мониторинг на решавање на значајни прашања од граѓанските потреби во локалната заедница.
Стефани Манева