Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“ ?

Работната седмица секогаш започнува со насмевка благодарение на афоризмите напишани од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. Уживајте ?
-Во работата треба да се биде внимателен на почетокот, а во љубовта…на крајот. ?
-Различните генерации имаат различни вкусови, децата претпочитаат цртани филмови, мајките -турските серии а татковците…вдовицата од соседството. ?
-Кај некои луѓе сексот воопшто не се поставува како прашање туку …како одговор.?
-Кога амбициозните жени ќе се обидат да прејдат од зборови на дело, наместо ракавите , го засукуваат здолништето. ?
-За разлика од училиштето, во сексот најдобри се …повторувачите. Многумина луѓе откако ќе се оженат, бездруго се прашуваат: зошто секоја голема љубов мора да заврши толку жално…со брак.?
Афористичар
Никола Бошков – Коки
