На територија на СВР Велес санкционирани 40 возачи за брзо возење
Објавено на 14 јуни, 2022 во 13:29
На територија на Сектор за внатрешни работи, вчера, била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи коишто ги управуваат возилата со брзина поголема од пропишаната. За време на акцијата казнети се 40 возачи.
-Од 08:00 до 20:00 часот санкционирани се 40 возачи од кои 18 во Велес, 13 во Неготино и девет во Кавадарци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и сите се санкционирани за управување на возило со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Стефани Манева