Триесетгодишник се самоповредил по семејна расправија во Неготино

Објавено на 8 ноември, 2018 во 18:44

svrtabli fin

По претходна расправија со неговите родители, триесет годишниот К.Ќ од Неготино, земал нож од кујната и самиот си нанел убодна рана на левата рака. Немилиот настан се случил во средата вечер, на 7 ноември,  околу 23.30 часот во семејната куќа на улицата: „Манчо Малиминов“ во Неготино.

-Повредениот е пренесен во Итна медицинска помош во Неготино каде му е санирана повредата, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Случката во полициската станица од општа надлежност во Неготино по службена должност ја пријавил лекар од Итната помош во Неготино./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.