Триесетгодишник се самоповредил по семејна расправија во Неготино
Објавено на 8 ноември, 2018 во 18:47
По претходна расправија со неговите родители, триесет годишниот К.Ќ од Неготино, земал нож од кујната и самиот си нанел убодна рана на левата рака. Немилиот настан се случил во средата вечер, на 7 ноември, околу 23.30 часот во семејната куќа на улицата: „Манчо Малиминов“ во Неготино.
-Повредениот е пренесен во Итна медицинска помош во Неготино каде му е санирана повредата, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Случката во полициската станица од општа надлежност во Неготино, по службена должност, ја пријавил лекар од Итната помош во Неготино./У.Ј