Пожар во хотел во Неготино, повредени три лица

Објавено на 22 јуни, 2022 во 10:50

Пожар избувнал вчера во хотел на булевар „Маршал Тито“ во Неготино. Во 18:40 часот бил пријавен во Полициска станица Неготино и бил изгаснат од страна на екипи од Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци.

– Притоа со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготни.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.