Пожар во хотел во Неготино, повредени три лица
Објавено на 22 јуни, 2022 во 10:50
Пожар избувнал вчера во хотел на булевар „Маршал Тито“ во Неготино. Во 18:40 часот бил пријавен во Полициска станица Неготино и бил изгаснат од страна на екипи од Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци.
– Притоа со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготни.
Стефани Манева