Сериозна криза во Турција, инфлацијата е над 70 отсто
Економската криза во Турција значително се влошува, а тоа го истакна и министерот за надворешни работи на оваа земја Мевлут Чавушоглу. Се стравува дека кризата дополнително ќе се продлабочи.
Колку е тоа сериозно говори и податокот дека стапката на инфлација на почетокот на овој месец изнесуваше повеќе од 70 проценти. Домашната валута само од почетокот на годинава изгуби 20 отсто од вредноста, а лани загуби 40 отсто од вредноста.
Министерот Чавушоглу предупреди на кризата, обраќајќи им се на официјални лица од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
„Нашите луѓе се соочуваат со висока инфлација, раст на цените и раст на трошоците за живот. Тоа не го негираме, тоа се факти, но овие кризи длабоко го погодуваат целиот свет“, рече тој.
Некои се загрижени дека инфлацијата во Турција би можела да биде уште поголема. Според некои истражувања, не е исклучено тој да биде поголем од 200 отсто. Турските медиуми јавуваат дека со пандемијата на коронавирус, стапката на сиромаштија почнала нагло да расте.