Во велешка болница се лекуваат пет ковид пациенти
Објавено на 14 јули, 2022 во 10:57
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани пет ковид пациенти од кои четворица се потврдени позитивни на вирусот додека еден пациент е сомнителен.
-Сите болнички пациенти се хоспитализирани и се лекуваат на Инфективно одделение. На кислородна поддршка е само еден пациент, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во моментов во болница има 41 слободни болнички кревети.
Во изминатите 24 часа во велешка болница примени се двајца пациенти и исто толку се испишани од болничко лекување.
Стефани Манева