Пронајдена дрога кај кавадарчанец

Објавено на 18 јули, 2022 во 12:02

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, во текот на вчерашниот ден, околу полноќ, го лишеле од слобода триесет и две годишниот В.П.А од Кавадарци кај кого била пронајдена дрога.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја, таблети, дигитална вага и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.