Никој не знае да носи мини како неа: Три неверојатни летни изданија од страна на сопругата на најпознатиот актер и режисер
Како да останете во чекор со адвокатката Амал Клуни кога станува збор за стилот? Мора да се признае дека на познатите дами не им е лесно, а сопругата на актерот и режисер Џорџ Клуни решила ова лето да ја покаже сета сила на својата модна умешност.
Амал и Џорџ Клуни традиционално летуваат покрај езерото Комо во Италија, каде што актерот поседува вила. Деновиве често може да се забележат – во преден план е одличниот стил на Амал Клуни, но и неговото лице кое зрачи со среќа.
Славниот актер од почетокот на врската со познатата адвокатка, а особено по нивната венчавка во 2016 година во Венеција, се труди да биде максимално стилизиран за да ѝ парира на сопругата, иако не му се непознати ниту сосема лежерните модни изданија. Во Италија ја придружува Амал во многу елегантни костуми.
Но, да се навратиме на стилот на Амал. Уште едно одлично модно издание на Амал! Пред извесно време, за вечерно излегување облекла зелен светкав фустан на прерамки, кој одлично и стоеше, потоа носеше мини трапез фустан со логото на модниот бренд „Валентино“, а сега облекла модел во ретро стил, украсен со пердуви и уште еднаш покажа дека правилото „облека и чанта во иста боја“ не е нејзин моден стил.
Очигледно е дека Амал е голема обожавателка на мини фустаните, но сето тоа го носи стилски и префинето