Градоначалникот Велковски: Во 2019-та да ги реализираме наши предвидени проекти и да го направиме Свети Николе повторно достоинствено место за живеење
Оставаме зад нас уште една година исполнета со бројни предизвици, планирања како и реализација на голем број на активности, за доброто на граѓаните на Свети Николе. Во годината што заминува, работевме одговорно, чесно , транспарентно, посветено , со домаќински пристап и користење на сите можни материјални и човечки потенцијали , знаења и искуства, со цел да ја направиме нашата општина подобро и перспективно место за живеење, го започна новогодишното обраќање до своите сограѓани Градоначалникот Сашо Велковски.
„Драги сограѓани, пред нас е нов период, нова година во која влегуваме со нова енергија со која ќе продолжиме да ја оствариме нашата визија за модерно, економски просперитетно и современо Свети Николе. Имаме сила , имаме потенцијал и максимално посветени влегуваме во новата 2019 година да ги реализираме наши предвидени проекти и да го направиме Свети Николе повторно да биде достоинствено место за живеење. Нека претстојните празници ни донесат нова сила, позитивни мисли , нови радости и обновени надежи за исполнет живот во мир, толеранција, сплотеност, среќа и семејна хармонија, просперитет и благосостојба. Во новата 2019 година на сите вас Ви посакувам добро здравје, мирен и достоинствен живот, поголем успех на професионален и деловен план ,многу љубов и бериќет, рече Велковски./У.Ј