Европската централна банка веќе не издава банкноти од 500 евра
Објавено на 4 јануари, 2019 во 11:04
Европската централна банка (ЕЦБ) престана да издава банкноти со номинална вредност од 500 евра.
Една од главните причини за одлуката да се стави крај на издавањето на апоени од 500 евра, што беше донесена уште во мај 2016 година е фактот дека овие банкноти многу ретко ги користат обичните граѓани, наспроти изната активна употреба за перење и финансирање тероризам.
„Од 27 јануари, 17 од 19 национални централни банки ќе престанат да даваат банкноти со номинална вредност од 500 евра“, се вели во соопштението на ЕЦБ.
На Австрија и на Германија им е дозволено да издаваат такви деноминации до 26 април.
Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и може да се разменува во национална централна банка на еврозоната во секое време.