Сончево време со мала до умерена облачност
Објавено на 3 октомври, 2022 во 09:23
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Од утре следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст.
Утре ќе дува засилен, а потоа умерен северен ветер.