Со овие чорапи наскоро сите ќе бидат опседнати: Модно парче во кое се заљубија сите
Објавено на 14 октомври, 2022 во 12:52
На Модната недела во Париз, извонредно убава колекција за пролет/лето 2023 година, меѓу другите, претстави и модната куќа Шанел.
„Шанел“ е синоним за класика и внимателно избрана естетика која од година во година повторно не воодушевува, а овој пат не воодушеви колекцијата пролет/лето 2023 година.
Секое парче е светло, разиграно, шик, но во исто време практично и удобно, што всушност и е неопходно на модерната жена.
Моделите блеснаа во волшебните креации кои само оваа модна куќа може да ги дизајнира, а посебно се истакна еден детаљ – мрежасти, светкави чорапи.