Германија разочарана од планот за Брегзит на Меј, предлага втор Референдум

Објавено: 22 јануари, 2019, во 16:18 часот

bregzit fin

Германскиот министер за правда Катарина Барли изрази разочараност од планот на британската премиерка Тереза Меј за ќорсокакот за прашањето за брегзит.

-Велика Британија треба да организира втор референдум, изјави Барли.

Меј вчера изјави дека ќе се обиде да најде излез од ситуацијата во парламентот со барање за нови отстапки од ЕУ за ирската граница.

– Разочарана сум. Тоа не е начинот, изјави Барли за радиото Дојландфунк. Барли која има германско и британско државјанство изјави дека нацрт договорот со ЕУ нема да биде променет.

Таа додаде дека може да биде направена отстапка ако има втор референдум.

– Тоа може да ја смири ситуацијата, смета Барли.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.