Велешани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите

Објавено на 5 ноември, 2022 во 16:27
Фото: Велешани во посета на вечните почивалишта на најблиските на црква „Св.великомаченик Пантелејмон“

Со посета на вечните почивалишта на најблиските упокоени роднини, положување на цвеќе, молитва од свештениците за нивните упокоени души, палење на кандила, на свеќи како и принесување на мрсна храна и пијалоци на двете цркви во Велес, „Св.великомаченик Пантелејмон“ и „Свети Спас“ велешани го одбележаа православниот верски празник. Дел од граѓаните беа присутни и на новите гробишта во Раштани.

Фото: Велешани во посета на вечните почивалишта на најблиските на црква „Св.великомаченик Пантелејмон“

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Фото: Велешани во посета на вечните почивалишта на најблиските на црква „Св.великомаченик Пантелејмон“

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

Фото: Велешани во посета на вечните почивалишта на најблиските на црква „Св.великомаченик Пантелејмон“

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените. Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.