Вработените во Армијата повторно хумани
Објавено на 12 ноември, 2022 во 09:39
Вкупно 27 крвни единици беа дарувани на традиционалната Есенска крводарителска акција во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“. Крвните единици ги даруваа офицери, подофицери, професионални војници и цивилни лица работно ангажирани во касарната.
Крводарителската акција ја реализираше македонскиот Црвен Крст, Општинска организација Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата беа вклучени тројца волонтери од Клубот на млади на Црвен Крст.
Годинава, во Велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ беа организирани три крводарителски акции на кои се собрани вкупно 104 крвни единици.
Убавка Јаневска