Уапсен велешанец на Плоштад „Којник“, пронајдени марихуана и амфетамин
Објавено на 18 ноември, 2022 во 12:33
Триесет и две годишниот Д.Т од Велес, вчера, на Плоштад „Којник“ во Велес бил лишен од слобода од страна на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес. Кај него биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и две дигитални ваги.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека при лишувањето тој се обидел да избега и физички нападнал полициски службеник.
Д,Т бил задржан во Полициска станица Велес. Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.
Дума.мк