Тешко повреден велосипедист во Велес, испратен на Клиника во Скопје
Објавено на 23 ноември, 2022 во 15:08
Дваесет и две годишниот Х.У од Велес, управувајќи велосипед на главната улица пред плоштад ,,Сармаале”, бил удрен од патничко возило ,,сеат леон” со велешки регистарски ознаки управувано од четириесет и седум годишниот Д.Т.
Во сообраќајната незгода, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.
Според доктор Елена Левкова Ќулумова, при прегледи кај повредениот констатирана е скршеница на потколеница. Поради специфичноста на повредата, како и можни последици пациентот е испратен на трауматологија во Скопје.
Од Сектор за внатрешни работи Велес, соопштија дека слушајот бил пријавен вчера околу 19:45 часот и по овластување од Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Дума.мк