Недостиг на витамин Ц: Два предупредувачки симптоми кои ќе ги забележите веднаш наутро
Пожелно е да се посегне по доза витамин Ц кога човек е под стрес, бидејќи во такви услови на организмот му е потребен повеќе од вообичаено.
Витаминот Ц (аскорбинска киселина) е антиоксидант и важен фактор во имунолошките реакции, учествува во создавањето на колагенот неопходен во процесот на градење на коските, заздравувањето на рани и скршеници, одржување на цврстината на крвните садови итн. Овој витамин е важен фактор за деактивирање на слободните радикали кои се создаваат од реакциите на размена на супстанции и создавање енергија во телото. Слободните радикали покрај тоа влегуваат во телото од загадената средина, чадот од тутун итн. И со интензивна работа на мускулите, како што е случајот со спортистите рекреативци и професионалните, во организмот се создаваат слободни радикали.
Тие ги оштетуваат еритроцитите, па затоа антиоксидативното дејство на витаминот Ц е важно, кое помага да се зачува интегритетот на црвените крвни зрнца и да се спречи анемија. Потребата на организмот за витамин Ц се зголемува во текот на годините на растењето и созревањето на човекот. Ова е случај и кај трудниците, доилките и пушачите. Со оглед на тоа што витаминот Ц е растворлив во вода и неговиот вишок се излачува преку урината, предозирањето преку храната е релативно ретко.
Каде се наоѓа?
Витаминот Ц се наоѓа во цитрусите и нивните сокови, пиперките, брокулата, кељот, киселата зелка, карфиолот, зелената салата, јагодите и дињите, доматите, аспарагусот, прехранбените производи збогатени со овој витамин (на пр. житарки за појадок) и други. Содржината на витамин Ц во храната се намалува со нејзиното долгорочно складирање и готвење.
Недостаток на витамин Ц
Урамнотежената и разновидна исхрана обезбедува доволна количина на оваа хранлива материја. Недостатокот е присутен кај луѓе чиј внес на овошје и зеленчук е многу ограничен. Покрај тоа, може да се појави и кај некои здравствени проблеми кога апсорпцијата на хранливи материи во дигестивниот систем е полоша. Знак за сериозен недостиг на витамин Ц е, пред се, воспалението и крвавењето на непцата кои ќе ги забележите веќе наутро додека ги миете забите. Присутни се и замор, болки во зглобовите, бледа кожа, чести настинки и главоболки и полошо зараснување на раните. Исто така, неретко се појавуваат и депресија, губење на забите, анемија итн.
Лекови и витамин Ц
Витаминот Ц може да влијае на хемотерапијата и лековите кои ја регулираат концентрацијата на холестеролот во крвта. Затоа, во случај на терапија со овие лекови, неопходно е да се разговара со лекар пред да се земаат суплементи кои содржат витамин Ц.