Детали од МВР: Малолетничката од Волково добила струен удар откако се качила на вагон
Министерството за внатршени работи излезе со детали за малолетничката која со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во Ургентниот центар откако добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.
Според информациите, во текот на вчерашниот ден на 27.11.2022 во 13:41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен удар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско.
-Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди.
Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител, соопштија од полицијата.
Девојчето е сместено на одделението КАРИЛ и е во свесна состојба.
Од неофицијални извори до несреќата дошло откако малолетничката се качила на вагонот во обид да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток.
Истрагата за несреќата сè уште е во тек.