Спречен шверц на девизи: Се обидел да влезе во Македонија со 270.000 евра скриени под акумулатор
Со заедничката акција на српските цариници и полициски службеници, на 28.11.2022 година е спречен обид за криумчарење на речиси 270.000 евра, кои патник ги сокрил во авотмобилот, просторот за акумулатор и под задното седиште на автомобил со странски регистарски таблички на граничниот премин Прешево кон Македонија.
Прекршокот бил откриен кога на редот за контрола на влез од државата пристигнало „VW Touareg“ со странска регистрација, во кое кон Северна Македонија патувале двајца странски државјани.
И покрај тоа што рекле дека немаат што да пријават и дека ги носат дозволените износи на готовина, автомобилот бил одвоен за темелна проверка, пренесуваат српските медиуми.
Пред совозачкото седиште, најнапред била пронајдена торба со повеќе купчиња девизи. Со пребројување било утврдено дека се работи за вкупно 268.000 шверцувани евра. Откриените пари заедно со 37-годишниот возач и автомобилот чија вредност се проценува на околу 70.000 евра ги презеле српската полиција и обвинителство.