Понеделнички афористички поздрав од Коки
„Велат дека насмевката е најголемиот пријател на човекот, а јас повеќе од една година, секој понеделник не дозволувам да го поминувате без него. Драги мои, прочитајте ги новите шест афоризми и ширете позитивна енергија, Ви пишува афористичарот Коки.
Уживајте:
-Животот без жени е празен, а со нив полн со проблеми.
-Многумина луѓе велат дека жените им пеат како птици, но некои имаат желба тие и да одлетаат.
-Откако ме прегледа, докторката не ми ја побара здравствената книшка, туку бројот на мобилниот телефон.
-Можеби звучи парадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е!
-Јавните куќи се единствената институција во кои нема никогаш да биде забрането ПУШЕЊЕТО.
-Евидентно е дека со колективните спортови воопшто не почуствувавме радост, можеби поголем успех ќе оствариме ако настапуваме индивидуално: ЕДЕН НА ЕДНА.
Афористичар
Никола Бошков – Коки