Четворица велешани против законски злоставувале, снимале и објавувале порнографски материјали со малолетничка

Пет лица на возраст од 25 до 32 години, четворица од Велес и едно од Тетово се лишени од слобода за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичен законик по координираната акција на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе заедно со СВР Велес и СВР Тетово, како и Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Дваесет и пет годишениот велешанец С.Д е осомничен за вршење на продолжени кривични дела „трговија со дете“, што ги извршувал од 9 декември 2021 година и континуирано во текот на 2022 година кога користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Исто така, тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката. Д.С. снимал и порнографски материјал.
Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Велес, извршен е претрес во дом и други простории на С.Д. Петте лица се приведени и против нив од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело „трговија со дете“ по чл 418-г од Кривичниот законик.
Убавка Јаневска
