Велешанец избегал од затвор, фатен како краде во Куманово
Објавено на 24 февруари, 2023 во 14:56
Полициски службеници од СВР Куманово ги лишеле од слобода дваесет и три годишниот М.Д од Велес и пет години повозрасниот Е.Б од Куманово.
Двајцата се сомничат дека на 16 февруари, годинава, од приватен имот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово одзеле повеќе предмети. Велешанецот М.Д. бил баран и со судска наредба за издржување на мерка притвор во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека М.Д. бил спроведен во установата за издржување на мерката притвор, а Е.Б. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева