Се реконструира мостот кај неготинското село Пепелиште

Објавено: 21 март, 2019, во 07:33 часот

mostotPepeliste fin

Поради реконструкција на мост на реката Вардар кај село Пепелиште од денеска, четврток 21 март, сообраќајот се пренасочува по земјениот пат село Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони.

Извршувањето на градежните работи на регионалниот патен правец Неготино – Лакавица ќе биде сообраќајно регулирано со тоа што на самото место ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација.

Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности, информираат од АМСМ./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.