Пендаровски нема да ги потпише законите за автопатите ако се кршат граѓански права

Објавено на 10 април, 2023 во 13:42

Претседателот Стево Пендаровски денеска порача дека треба прво да ја види конечната верзија на сетот закони за Коридорите 8 и 10Д, па ќе го каже ставот во однос на потпишување на указот.

-Можат да бидат изменети со амандмани, значи да ја почекаме дебатата. Мојот тим на правници и во Кабинетот и надвор од него се веќе ангажирани во следење на дебатата и на тоа што ќе излезе како конечен продукт. Конечната верзија кога ќе ја видиме, ќе го кажеме конечниот став, кажа претседателот како одговор на новинарско прашање.

Пендаровски истакна дека нема да го потпише указот доколку изгласаните закони ги повредуваат правата на граѓаните или ако завлегуваат во правата на трети лица.

-Се разбира дека дел, или барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија, нагласи Пендаровски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.