Двајца гимназијалци членови на Вики клуб Велес наградени од Амбасадорот Силвестри
Гимназијалците Анамарија Костова и Петар Иванов членови на „Вики клуб Велес“ добија награди за уредување на статии на тема „Запознајте ја Италија“’ и во „Фоот Италија“ проект поддржан од Амбасада на Италија во Скопје. Учениците наградите ги примија од Амбасадорот на Италија во Македонија, Н.Е Андреа Силвестри на настан што се одржа во Национална Кинотека.
Амбасадорот Силвестри се заблагодари за учество на конкурсот „Откриј ја Италија“, на сите добитници на награди кои учествуваа во натпреварот за превод на содржини поврзани со Италија на страницата на Википедија на македонски јазик, организиран во соработка ГЛАМ Македонија. Тоа претставува особена гордост за менторот на учениците, образовен координатор и матичен википедијанец Лили Арсова, професор по одделенска настава.
На свеченото доделување на наградите, исто така, беше прикажан филмот „Freaks Out“ како последен филм во рамките на одбележувањето на неделата на италијански филмови, годинава посветен на темата „бајки“.
Стефани Манева