Лишен од слобода Росоманец,кој се сомничи за напад над снимателот на ТВ24
Објавено на 20 јули, 2023 во 10:10
Полициски службеници на ОВР Кавадарци, вчера, го лишиле од слобода Љ.Р (43) од Росоман. Тој ден претходно, во вторник, 18 јули 2023 година на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон снимател на телевизиската екипа кој снимал инсерти од сообракајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера.
„Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по цeлосно документирање на настанот ке следи соодветен поднесок,“ соопштија од СВР Велес.
Лишениот од слобода Росоманец се сомничи дека го попречувал во работата, физички го нападнал и му ја турнал како и оштетил камерата на снимателот на ТВ24, Иван Камчев.
Убавка Јаневска