Во село Горно Оризари поставена е нова центрифугална пумпа за зголемување на капацитетот на водоснабдувањето
Нова хоризонтална повеќестепена центрифугална пумпа за водоснабдување со електромотор и вклучено постоље од тип SKM 50C-3 (30 KW, n=2900 o.min), поставена е во препумпната станица во село Горно Оризари, соопштија од Јавно комунално претпријатие „Дервен“. Оваа пумпа е поставена со цел да се зголеми капацитетот на водоснабдувањето во селото.
-Претходната пумпа обезбедуваше максимум 10л/сек вода за селото, додека новопоставената пумпа ќе пласира 16л/сек вода за домаќинствата. Пумпата е набавена од сопствени средства на претпријатието, во висина од 355.492 денари, додаваат од ЈКП „Дервен“.
До жителите на село Горно Оризари, се апелира наменски да ја трошат водата од водоснабдителниот систем за потревите на домаќинствата, поточно, да не ја користат за наводнување на земјоделските култури затоашто водоснабдителниот систем не е предвиден за таа немена и нема капацитет за користење во земјоделието.
Стефани Манева