„Apple“ советува да не го полните телефонот додека спиете
Паметните телефони се незаменлив дел од животот на многумина во денешно време, а практиката на полнење на уредот преку ноќ стана секојдневие.
Нуди погодност за започнување на денот со полна батерија, што им го олеснува животот на многумина. Но, „Apple“ поинаку ги советува купувачите на „iPhone“.
„Apple“ вели дека треба да избегнувате полнење на вашиот уред додека спиете и конкретно посочува дека не е добра идеја да го оставите под ќебе или перница додека е приклучен на полнач.
Протокот на воздух е очигледно голем проблем бидејќи полначот треба да биде во „добро проветрено подрачје кога се користи или се полни“ за да се избегне прегревање и ризик од пожар.
-Главната порака на технолошката компанија е следнава: Немојте да спиете врз уредот, адаптерот за напојување или безжичниот полнач и не ставајте го под ќебе, перница или вашето тело кога е поврзан со извор на струја, пренесува „LAD Bible“.
Наместо тоа, советуваат: „Чувајте го вашиот iPhone, адаптерот за напојување и кој било безжичен полнач во добро проветрено место додека го користите или се полни. Бидете особено внимателни ако имате физичка состојба што влијае на вашата способност да откриете топлина“.
Но, нивните совети не завршуваат тука бидејќи споделиле уште неколку совети за безбедно полнење, вклучително и користење на кабелот за полнење што доаѓа со телефонот и „USB“ адаптерот за напојување што може да се купи одделно.
Дума.мк