Приведени крадци во Кавадарци
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци вчера, ги лишиле од слобода дваесет и две годишниот Д.Б од Виница и шест години повозрасниот Р.Д од Скопје.
-Тие се сомничат дека во периодот од 13.09.2023 до 06.00 часот на 14.09.2023 со употреба на сила и погоден алат влегле во објект во поранешна млекара во село Сопот и одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Истиот ден, во ОВР Кавадарци од страна на чувар во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци било пријавено дека неколку лица фрлале со метални и други тврди предмети и ја оштетиле влезната врата. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк