Две заинтересирани семејства од Велес ќе можат да станат сопственици на стан во населбата „Хабитат“
Семејствата ќе можат да конкурираат за добивање на два станови со површина од 68 м2 во изградениот објект за колективно домување во населбата Хабитат во Велес што се наоѓа на улица „Невена Георгиева Дуња“ бр. 8А. Становите се новоизградени и заинтересираните граѓани ќе бидат нивни први сопственици. Со купувањето на становите граѓаните се вклучуваат во Програмата за новоградби во Велес што ја реализира Хабитат Македонија која е афилација на американската истоимена организација којашто реализира активности низ цел свет.
Огласот е отворен денеска и ќе трае до 10 октомври, годинава. Заинтересираните граѓани документите можат да ги поднесуваат лично во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес која исто така се наоѓа на улица „Невена Георгиева Дуња“ бр.4А, стан број 1, во приземје. Исто така и по пошта, на велешката или адресата „Никола Парапунов“ бр.41 П.ФАХ 407, 1000 Скопје.
За сите потребни информации, заинтересираните граѓани, можат да контактираат на моб.тел. број 075 868 138 на канцеларијата во Велес или 02 306 1 890 на канцеларијата во Скопје. Потребните информации, исто така, можат да се најдат и на веб страната www.habitat.org.mk.
Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни,пристојни и достапни домови за семејства со ниски приходи. Активностите на „Хабитат Македонија“ вклучуваат изградба,финансирање,застапување,јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедницата.
Дума.мк