Втор Национален саем за храна и пијалоци – „Вкуси ја традицијата“

Објавено на 25 септември, 2023 во 11:57

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Slow Food Macedonia, а со поддршка од GIZ, оваа година по втор пат го организира Националниот саем за храна и пијалоци – Вкуси ја традицијата.

Вториот Национален саем за храна и пијалоци – Вкуси ја традицијата ќе се одржи на 07 октомври 2023 година (сабота) со почеток од 11 часот во Градскиот парк – Скопје.

На годинешниот саем повеќе од 300 мали производители на храна и пијалоци ќе ги презентираат своите вкусни производи приготвени по традиционални рецепти.

Сите посетители ќе можат на едно да ги видат стотиците успешни приказни релизирани од подршката која ја даваме кон малите производители на храна и пијалоци, младите земјоделци и жените земјоделки.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.