(Видео) Др Чолакова Дервишова: Покачување на плата и за здравствените работници од приватното исто како за јавното здравство
Македонското здружение на приватни лекари бара ист третман на сите здравствени работници во државата независно дали работат во јавно или приватно здравство. Претседателката др Лилија Чолакова Дервишова денеска вели дека при последната најава од страна на централната власт во Македонија поврзана со зголемувањето на платата на здравствените работници во јавното здравство повторно се заборавени од приватното здравство.
Денешната изјава на претседателката на здружението на Приватни лекари на Македонија се однесува за вкупно 1400 приватни лекари од примарното здравство кои имаат склучено договори со Фондот за здравство, 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози. Тие се сопственици на амбуланти и во секоја од од нив се вработени по две медицински сестри.
Одлуката на здружението на Приватни лекари на Македонија наместо со писмо барањето да го упатат преку медиумите е донесена затоашто многу претходни иницијативи или барања биле по продуктивни кога биле пренесени преку медиумите, додаде др Лилија Чолакова Дервишова.
Убавка Јаневска