Фатен крадец во Свети Николе, ограбил продавница
Објавено на 27 октомври, 2023 во 13:06
Четириесет годишниот В.Б од Свети Николе во текот на вчерашниот ден бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Свети Николе, поради извршено кривично дело „тешка кражба“.
Тој се сомничи дека во рок од пет часа, поточно од 23:30 до 04:30 часот, влегол во продавница на улица „Орце Николов“ во Свети Николе и украл пари и производи.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека по комплетирање на случајот против В.Б ќе биде поднесена кривична пријава.
Дума.мк